Пожарникар загинал кога врз него паднало дрво во близина на градот Буладел
Официјални лица потврдија дека тој починал на местото на настанот поради срцев удар
Австралиски пожарникар загина во текот на ноќта откако врз него паднало дрво додека се обидувал да го контролира шумскиот пожар кој уништи домови и изгоре големи површини со ниска вегетација северно од Сиднеј, соопштија денеска локалните власти.
Екипите за итни случаи се упатиле кон пожарот во близина на руралниот град Буладела, 200 километри северно од Сиднеј, по извештаите дека дрво паднало врз човекпренесува Ројтерс.
– Педесет и девет годишен пожарникар е доживеал срцев удар и починал на лице место – соопштија официјални лица.
Премиерот на Австралија Ентони Албанес рече дека „ужасната вест е мрачен потсетник“ за опасностите со кои се соочуваат лицата кои реагираат на итни случаи додека работат на заштита на домовите и семејствата.
(Танјуг)