Напаѓачот, на околу 20 години, облечен во црно, со бели патики на стапалата и качулка на главата, ноќта меѓу саботата и неделата влегол во ресторанот „Дурмитор“ во Новобеоград и испукал цела рунда во Немања Крстиќ (30). Веднаш потоа побегнал. Набрзо беше откриено дека Крстиќ бил во друштво со Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибег, кој досега најмалку десет пати бил мета на напаѓачи. Потрагата по напаѓачот е во тек, а полицијата утврдува дали Алајбеговиќ всушност бил мета, односно дали напаѓачот по грешка испукал рафал кон Крстиќ.