Eкипата на Барселона, со пресврт во второто полувреме успеа да го совлада германскиот Ајнтрахт, а јунак на Каталонците е Жил Кунде.
Во натпревари од шестата рунда одигран на „камп Ноу“, Барселона го победи Ајнтрахт со 2-1.
Во 10.минута Левандовски успеа да ја затресе мрежата на гостите голот беше поништен. Затоа пак оној на Кнауф во 21.минута беше регуларен, па Ајнтрахт поведе со 0-1. Тоа беше и резултат по првиот дел, а во вториот на сцена стапи Кунде.
По само пет минути игра (50), Барса успеа да израмни. По нафрлувањето на Рашфорд, од левата страна, Французинот, Кунде со глава ја заби топката во мрежата на гостите за 1-1. Речиси и да не минаа три минути, кога Кунде, на безмалиу идентичен начин и донесе водство на Барса од 2-1.
Ова беше само трета победа за Барселона, која сега има 10 бодови и е на делба од 10-тото до 14-тото место на табелата. Ајнтрахт го претрпе четвртиот пораз и со 4 бодови е во групата на екипи од 27-мо до 30-то место.