Рано утрово во 1:23 часот е регистриран слаб земјотрес во западниот дел на земјава, поточно во околината на Кичево, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот, со јачина од 2 степени според Рихтер, се случил на длабочина од 15 километри. Според ЕМСЦ, епицентарот бил лоциран 15 километри југозападно од Кичево, додека Институтот за геолошки науки во Тирана наведува дека земјотресот бил во Општина Дебрца.
Засега нема пријавено материјални штети или други последици од земјотресот.