Европската фудбалска елита повторно се враќа на голема сцена. Шестото коло од Лигата на шампионите на програмата е денеска и утре, а носи повеќе интересни дуели
Борбата за секој бод во оваа рунда може да биде клучна пред формирањето на осминафиналните парови.
Иако речиси сите натпревари носат своја приказна, вечерва фокусот на европската јавност со право ќе биде вперен кон големото дерби – Интер против Ливерпул.
Финалистот од минатата сезона, Интер, по болниот пораз од Атлетико Мадрид пред две недели ќе бара брза рехабилитација пред својата публика. „Нероазурите“ со 4 победи во пет мечеви држат силна позиција на табелата.
Од другата страна, англискиот шампион е во голема резултатска криза, но и турбуленции во таборот. Судбината на тренерот Арне Слот може да зависи од исходот на овој натпревар. „Црвените“ се на 13. Место, под линијата која води директно во осминафинале. Притисокот е огромен, а гостувањето на „Џузепе Меаца“ секогаш е дополнителен предизвик.
Овој натпревар ќе се игра во вечерниот термин од 21 часот за кога се закажани уште пет дуели.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 6.КОЛО
ИНТЕР – ЛИВЕРПУЛ 21 часот
БАРСЕЛОНА – АЈНТРАХТ
АТАЛАНТА – ЧЕЛЗИ
ТОТЕНХЕМ – СЛАВИЈА ПРАГА
МОНАКО – ГАЛАТАСАРАЈ
РОЈАЛ ЈУНИОН СЖ – – ОЛИМПИК МАРСЕЈ
БАЕРН МИНХЕН – СПОРТИНГ Л. 18.45 часот
КАИРАТ – ОЛИМПИЈАКОС 16.30 часот