Годишната квота за издавање работни дозволи според специјалната, преференцијална Западнобалканска регулатива е исцрпена, а Германската агенција за вработување (БА) ги одбива сите нови барања до крајот на 2025 година.
Работодавците се ставени пред свршен чин: сите 50.000 работни дозволи, чиј број беше зголемен во јуни 2024, веќе се доделени на работниците од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија.
Германската агенција за вработување упати јасно предупредување до работодавците: одбиените апликации за оваа година нема автоматски да се пренесат за следната! Компаниите ќе мора да поднесат ново барање, иако охрабрувачки, тоа може да го сторат веќе овој декември, со надеж за 2026 година.
Потсетување: Според забрзаната процедура, работодавците прво добиваат претходно одобрение од Агенцијата за вработување, по што работниците од регионот, со веќе склучен договор, брзо ги добиваат потребните документи во конзуларните претставништва.
Наспроти итноста на пазарот на труд, владејачката германска коалиција (ЦДУ/ЦСУ и СПД) удира со нов удар! Во коалицискиот договор е договорено бројот на бенефицирани барања за Западен Балкан драстично да се намали– и тоа преполовување на квотата од 50.000.
Оваа најава наиде на остри критики од здруженијата на работодавци, кои предупредуваат на колапс.
Германското здружение на хотелиери и угостители (ДЕХОГА) е особено гласно во отпорот! Тие апелираат дека угостителството очајно има потреба од мотивирани работници и бараат квотата не само да не се намали, туку и да се зголеми и прошири на други земји.
ДЕХОГА остро ги отфрла и стравовите дека странските работници ќе го оптоварат социјалниот систем, нагласувајќи: „Западнобалканската регулатива гарантира дека работниците доаѓаат со веќе потпишан, важечки договоркој им обезбедува егзистенција. Ова е решение за дефицитот, не социјален проблем.“