Реал Мадрид, утре во дербито на шестата рунда во Лигата на шампионите, ќе го пречека Манчестер Сити. Дуелот со „граѓаните“ доаѓа во лош момент за тимот на Чаби Алонсо, Реал на последните пет натпревари во домашното првенство има само една победа, три нерешени и еден пораз. Во неделата, Реал загуби дома од Селта виго (0:2).
Во пресрет на натпреварот, Алонсо се соочува со уште еден голем проблем. Настапот на Килијан Мбапе е голем прашалник, а а од претходно е познато дека во тимот нема да биде Едер Милитао. Бразилецот се повреди против Селта, првичните прогнози се дека ќе отсуствува четири месеци. Исто така, тренерот, нема да може да смета на Трент Александер-Арнолд, Дин Хаусен и Дани Карвахал.
Мбапе, денес не тренирал со соиграчите поради повреда на мускулот и неговиот настап во среда ќе биде неизвесен до последен момент.
Мадридски извори истакнуваат дека медицинскиот тим на Реал Мадрид прави сè за да го направи способен за игра, но не е познато дали ќе биде во почетниот состав.
Мбапе е клучен играч во системот на Чаби Алонсо, а тоа го потврдуваат и бројките бидејќи досега постигна 25 гола во сите натпреварувања.
Доколку не е подготвен, се верува дека неговиот Родриго ќе игра покрај Винисиус Жуниор во нападот.
Натпреварот Реал Мадрид – Манчестер Сити е закажан за среда во 21:00 часот.
Foto/ depositphotos