Лионел Меси покажа дека и на 38 години доминира и дека со него на теренот, екипата која пред само две и пол години беше најслаба во МЛС шампионатот, сега може да стигне до титулата. Интер Мајами испиша историја, откако прв пат стана шампион во фудбал во САД, а Меси секако е предводник на теренот.
Меси денеска испиша уште една страница од историјата во МЛС, откако стана првиот фудбалер кој два пати по ред успеал да ја освои наградата за МВП (најкорисен играч) во Лигата. Тоа е највисокото индивидувално признание што се доделува во МЛС.
Откако ја доби наградата, Меси се заблагодари им се на своите соиграчи велејќи дека не можел да ја освои наградата без нив.
„Едноставно тој е посебен човек“, реце комесарот на МЛС, Дон Гарбер.
Во сезоната која што измина Меси во дресот на Интер имаше придонес со 29 голови и 19 асистенции.
„Тој беше фантастичен во текот на целата сезона, со бројките, а исто така и со посветеноста“, рече тренерот на Интер Мајами и долгогодишен соиграч на Меси, Хавиер Маскерано.
Меси доби 70,4% од вкупните гласови – најголем број гласови за победа по Себастијан Џовинко од Торонто во 2015 година. Андерс Драјер од Сан Диего беше втор со 11,2%, по него Денис Буанга од ЛАФЦ (7,3%), Евандер од Синсинати (4,8%) и Сем Сариџ од Нешвил (2,4%).