Олимпијакос со 1:0 го победи Каират Алмати на меч кој се играше во Астана во Казахстан додека температурата беше минус 20 степени. Сепак, фудбалерите имаа одлични услови за игра затоа што модерната „Астана Арена“ е со затворен кров и има затоплување, па на играчите не им беше толку ладно и можеа нормално да играат.
На крајот, Олимпијакос со гол на 20-тина минути пред крајот стигнаа до посакуваните три бода. Погодокот може да го видите ТУКА.