2 минути за читање
По реконструкцијата и целосното уредување Општина Аеродром конечно ќе го го добие првиот повеќенаменски центар, каде што аеродромци ќе можат да уживаат во концерти, кинопроекции, повеќемедијални проекции, театарски претстави, ликовни изложби, конференции и голем број други настани.
Повеќенаменскиот центар се наоѓа во непосредна близина на Спортскиот центар „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче и ќе претставува место, со кое ќе се збогати културниот и општествениот живот на жителите. Станува збор целосна реконструкција и целосно простор од околу 1500 квадратни метри. Општина Аеродром се пријави со овој проект на повикот на Владата и доби 99 милиони денари за првата фаза од реконструкцијата. Со реконструкцијата овој простор ќе биде целосно облагороден.
Покрај главна сала – гледалиште, ќе има и фоаје и едукативни простори-работилници. Ќе биде изграден и лифт, со што ќе се реши пристапноста до содржините на повеќенаменскиот центар за сите категории граѓани. Гледалиштето во главната сала ќе има повеќе од 240 места за седење и дополнителен ред, приспособен за лица со посебни потреби во колички.
Општина Аеродром ќе го добие својот прв повеќенаменски центар со поддршка од Владата и од Министерството за култура и туризам. Овој проект е од големо значење, затоа што аеродромци за првпат ќе добијат културен центар, што ќе внесе посебен и нов импулс во нивниот културен-забавен живот.