1 минута за читање
Советот на јавните обвинители на 30 септември 2025 година донесе одлука за престанок на функцијата негов претседател на Душица Димитриеска, поради истек на мандат на 1 октомври годинава. Изборот на нов претседател го одложи поради локалните избори. До изборот на нов претседател, согласно со одлуката, со Советот на јавните обвинители раководи заменик-претседателот на Советот Башким Бесими.
На денешната седница е предвидено и донесување одлука за престанок на функција јавен обвинител по сопствено барање и формирање Комисија за спроведување на стратегијата за комуникација и транспарентност за 2025 – 2028, стои во соопштението, објавено на веб страницата на Советот на јавни обвинители.
Македонска информативна агенција – МИА