Баерн Минхен со 3:1 славеше над Спортинг во меч од шестото коло во Лига на шампиони. За германскиот првак ова е петта победа и сега е чекор понапред кон остварување на целта, а тоа е да обезбеди директен пласман во осминафиналето. Воопшто не беше лесно Баерн да ги освои трите бода, иако беше голем фаворит против Спортинг.
Откако по првото полувреме немаше голови, Кимих си постигна автогол во 54 минута за неочекувано водсртво на гостите. Сепак, доволно беа 30-тина минути за Баерн да направи целосен пресверт и да се радува на „Алијанц Арена“.Серж Гнабри израмни на 1:1 во 65 минута.
Само четири минути подоцна Баерн постигна и втор гол. Младиот 17-годишен Ленард Карл погоди и влезе во историјата на Лига на шампиони. Со 17 години и 290 денови Карл е најмладиот фудбалер во историјата кој постигнал гол на три меча по ред во Лига на шампиони. Освен вечерва, Карл погодуваше и на дуелите против Клуб Бриж и против Арсенал.
Да нема неизвесност до крајот се погрижи Џонатан Тах кој даде гол за 3:1 во 77 минута.