Ајакс како гостин го победи Карабах со 4-2, а Копенхаген со 3-2 славеше кај Вилјареал во двете средби од Лигата на шампионите со кои се отвори вечерта во елитното клупско фудбалско натпреварување.
За четирикратниот европски првак Ајакс ова се први бодови во ЛШ сезонава, а имаше само еден постигнат гол во првите пет кола. Но, вечерва победија иако губеа со 1-2 до 79-тата минута.
Данскиот првак со гол на Корнелиус во 90-тата минута извојува победа на гости кај Жолтата подморница, која е заглавена при дното на табелата и има само еден бод од шест меча. За Копенхаген ова е втора победа по ред и може да се надева дека ќе влезе меѓу 24-те најдобри кои одат во бараж за осминафинале.