Железничката станица во Тетово е пуштена во употреба на 25 мај 1952 година. На нејзината предна фасада стоеше спомен-плоча која објаснуваше дека станицата е изградена со доброволна работа на 52.000 жители од тетовскиот крај и со помош на припадниците на тогашна ЈНА. За изградбата биле дадени 996.832 работни часови, во вредност од тогашни 139.570.480 динари. Со реконструкцијата, спомен-плочата ја снема од фасадата и не се знае каде е.
