
Денеска, 10 декември 2025 година, започна вториот дел од гласањето за наградата Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, а „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска успешно ја доби номинацијата во првиот круг на овој фестивал, кој е едно од највлијателните интернационални признанија за документарен филм.
Она што е важно и што треба да се има предвид, е дека ова е момент во којпубликатаима клучна улога затоа што има право да гласа, а тоа не ја исклучува публиката во нашата земја, односно македонските граѓани можат да гласаат за филмот на Тамара Котевска. Наградите се доделуваат врз основа на освоениот број на гласови.
И затоа, гласајтеТУКА.
„Приказната за Силјан“се натпреварува со силни конкуренти одБразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украинаи други земји, но тоа е мотив повеќе за поголем ангажман и да ги дадеме нашите гласови.
Audience Choice Prize е награда што го издвојува документарниот филм кој ја освојува светската публика во дадената година.Во документарниот свет, ова признаниеможе да биде предвесник заследниот голем успех, влез во најтесниот избор за Оскар.Затоа секој глас е важен и може да има значително влијание врз патот на филмот.