Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, ја коментира победата од 3-1 над Спортинг Лисабон во шестото коло од главната фаза во Лигата на шампионите и даде своја оценка за настапот на младата ѕвезда Ленарт Карл.
„Спортинг е сериозен противник, не случајно се во топ 8 на табелата. Останавме смирени, дури и откако први примивме гол“, изјави Компани.
„Ленарт секогаш е опасен. Искрено, имал и подобри натпревари, но секогаш игра на високо ниво. Кога ќе добие шанса, тој е вистински ‘убиец’. Тоа е важно за нас“, рече стратегот за 17-годишниот Карл.
„Неверојатно е што на негови години претставува толкава закана, дури и кога не го игра својот најдобар натпревар. Тој, исто така, му помага на тимот и во одбраната. Неговиот напредок е значаен, но пред него има уште многу работа“, додаде Компани.
„Среќни сме и поради враќањето на Алфонсо Дејвис, поминаа девет месеци. Тоа е одлична вест за нас“, заврши стратегот на Баерн Минхен.