Вечерва (10 декември) од 19:30 часот, во Малата сала на Филхармонијата ќе се одржи промоција на книгата „Три лица на љубовта“ од авторот Митко Чешларов, во издание на „Сигмапрес“.
Книгата е уникатен мултимедијален проектставен од лирски записи, авторски песни и драмски текст, три различни форми преку кои се обработуваат темите што секој човек ги носи во себе: љубов, осаменост, копнеж и внатрешни лични приказни. Секој композиција има свој лирски запис, а во книгата за сите кодови и оние кои водат до сите досега снимени песни на официјалниот јутјуб канал на авторот.

Почеток на текстовите во книгата досега се снимени осум авторски композиции, а проектот продолжува со создавање и снимање нови песни. Истиот концепт се подготвува и за Хрватска.
Песни ги пеат Маријана Бошковска, Ана Петановска, Горан Наумовски, Агни Авшар, Биба Додева, Жаклина Стевковска и Зорица Поп Панкова (фото). Автор на музиката и текстовите е Митко Чешларов, аранжериите се Ангел Ќосев, Кристијан Габроски, Стефан Петановски, Давор Јордановски и Владимир Дојчиновски. Настанот ќе го води Драги Павлевски и Жаклина Стевковска и е отворено за публика.
The post ПРОМОЦИЈА НА МУЛТИМЕДИЈАЛНАТА КНИГА „ТРИ ЛИЦА НА ЉУБОВТА“ НА МИТКО ЧЕШЛАРОВ ВО СКОПЈЕ се појави прв на СМАРТ – СДК МК.