1 минута за читање
Лидерот на едно од крилата на Алијанса за Албанците соопшти дека го поддржува протестот организиран во, како што велат, одбрана на вредностите на косовската ослободителна војна и водачите на ОВК , кои се притворени во Хаг.
„Во овој важен момент за националното достоинство, ги повикуваме сите Албанци, без оглед на политичките убедувања, масовно да се приклучат на протестот што ќе се одржи на 13 декември, на плоштадот „Скендербег“ во Скопјe.
Нашиот заеднички глас мора јасно да се чуе во одбрана на правдата и вистината за ослободителната војна, најчистата и најправедната војна што ја водеше албанскиот народ за слобода“, порачуваат од таборот на Таравари.
Организаторите велат дека се чека само формално одобрение од Град Скопје за одржување на протестот.
Градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на ВРЕДИ, Изет Меџити рече дека во принцип го поддржува протестот и како градоначалник на општината каде протестот треба да се оддржи, рече дека ќе даде согласност за негово одржување.
Сепак, нејасно е дали Меџити ќе присуствува на протестот, пренесува Плусинфо
Претходно, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е погрешен потег на лидерот на ДУИ, Али Ахмети што го најави протестот. Мицкоски изјави дека смета оти Ахмети треба да ја преиспита таа одлука.