После само 103 секунди игра на дуелот на Реал Мадрид и Манчестер сити беше покажан пенал за домашните, но по прегледување на снимката, судијата Клеман Турпан беше информиран од колегите во ВАР собата дека фаулот на Матеус Нунес над Винисиус бил надвор од 15-никот и дека нема пенал, туку само слободен удар.
Досега се немаше случено во ЛШ (откако се користи ВАР технологија) во толку рана фаза од меч да биде поништен пенал и одлуката да биде преиначена.
И во Леверкузен каде играат Баер и Њукасл судијата досуди пенал за домашните, но одлуката беше сменета.