Две четвртфинални дуели од НБА купот се играат вечерва, а на двата во голема фаворитска улога се домаќините. Актуелниот првак Оклахома е во неверојатна низа од 15 победи по ред, а сезонава има биланс од 23 победи и само еден пораз.
Затоа, дуелот против Феникс треба да биде рутинко одработување на патот до полуфиналето во Купот. Оклахома има седум победи по ред против Сонцата и таа низа треба и вечерва да продолжи.
Лос Анџелес лејкерс во „Стејпс Центарот“ игра против Сан Антонио. Лејкерс има седум победи во последните девет меѓусебни дуели против овој ривал, па едноставно сега кога се работи за влез во полуфиналето, домаќините сигурно нема да сакаат да разочараат.

Во понудата има и 24 кошаркари кои ќе бидат дел од „плус-минус“ играта. Лука Дончиќ треба да биде прва опција во нападот на Лејкерс и е на граница од 33,5 поени за да биде во плус, додека Леброн Џејмс е на граница од 18,5 поени. За Шеј Гилџес Александер границата е на 31,5 поени.
