2 минути за читање
Ноќеска на полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за повторните локални избори за градоначалници во четири општини во кои не се избраа градоначалници на редовните избори поради недоволна излезност на гласачите.
Официјално, рокот за поднесување на листите завршувана 11 декември, до 24:00 часот,односно30 дена предденот на одржување на изборите,закажани за11 јануари 2026 година (недела).Општинските изборни комисии треба да извршатпроверка наподнесенителистиво рок од 24 часа од приемот на листата.
Изборите за градоначалници ќе се повторат во општинитеГостивар, Врапчиште, Центар Жупаи ОпштинаМаврово-Ростуша.Во овие четири општини владата именувашесвоиповереници,со в.д. мандат до изборот на градоначалници на повторените избори. Именувани се Аријан Ибраим за Центар Жупа, Буњамин Кадриу за Врапчиште, Фадил Џелили за Гостивар и Онер Јакупоски за Маврово и Ростуше.
Според ДИК, досега не е поднесена ниту една независна кандидатура за градоначалник наОпштина Центар Жупа,за кои рокот истече синоќа на полноќ, така што на повторените избори во таа општина нема да има независни кандидати. До вчера попладне во ДИК не беше пристигната ниту една кандидатура од политичките партии за Центар Жупа, но теоретски партиите можат да поднесат кандидатура до 24:00 вечерва.
Засега своите кандидатури за повторните избори за градоначалник на Гостивар ја објавија кандидатите Невзат Бејта и Ваљбон Лимани.
Невзат Бејта на повторените избори ќе го бара третиот мандат за градоначалник на Гостивар. Тој синоќа на неговиот профил на Фејсбук ја објави кандидатурата и соопшти дека ќе има поддршка од коалицијата Вреди.
Ваљбон Лимани,кој ја има поддршката од коалицијата Националната Алијанса за Интеграција, предвoдена од ДУИ, вчера официјално ја поднесе својата кандидатура. Зборувајќи пред новинаритеЛиманирече дека е уверен во својата победа и дека неговата кампања ќе се фокусира на директни средби со граѓаните.Лимани на првиот круг од локалните избори во октомври не успеа да победи бидејќи му недостигаа23 гласа за цензус.