Екипите на Оклахома сити тандерс и Сан Антонио спарс се пласираа во полуфиналето на НБА купот, откако славеа во дуелите против Феникс санс, односно Лос Анџелес лејкерс. Ова натпреварување сега се сели во Лас Вегас каде ќе се играат полуфиналните дуели меѓу Оклахома – Сан Антонио и Орландо – Њујорк. Финалето ќе биде следниот вторник.
Оклахома поставува нови стандарди во НБА, откако стигна до 16-тата победа сезонава и вкупно 24-та во 25 меча. Актуелните шампиони буквално го понижија Феникс и на крајот славеа со 138:89. Шеј Гилџес Александер постигна 28 поени погодувајќи 11 од 15 шутеви од поле, додека Чет Холмбрен заврши со 24 поени и осум скокови. Кај Феникс прв стрелец беше Брукс со 16 поени.
Лос Анџелес лејкерс неочекувано загуби на свој терен од Сан Антонио со 132:119. Лука Дончиќ беше одличен кај Лејкерс и постигна 35 поени, додека Леброн Џејмс додаде 19 поени, но не успеаа да го спасат нивниот тим од пораз.