Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, не е подготвен да се пензионира од Формула 1 по неуспешната сезона и сонува за освојување на осма рекордна титула.
„Не планирам да се пензионирам во моментов. Ги сакам трките и сè уште имам еден сон во Формула 1. Но, има работи и што ме иритираат и ме заморуваат. Тоа се неделните спонзорски активности, фотосесии и интервјуа. Веќе се радувам на денот кога сето ова ќе исчезне. Дефинитивно нема да ми недостига кога ќе се пензионирам“, рече Хамилтон.
Во сезоната 2025, негова прва со Ферари, Хамилтон ниту еднаш не беше на подиумот и освои речиси 100 поени помалку од тимскиот колега Шарл Леклер.