Легендата на Јувентус, Клаудио Маркисио, ги повика младите фудбалери да го следат примерот на поранешниот играч од клубот од Торино, Кристијано Роналдо.
Според Маркисио, Португалецот и покрај својот талент, продолжил напорно да работи на себе во текот на целата кариера, за разлика од Лионел Меси, за кого сè било полесно поради талентот кој го имал.
„Следете го примерот на Кристијано Роналдо. Ако треба да пронајдете нешто што ќе ви помогне да станете голем шампион, следете го Кристијано, а не Меси. Зошто? Затоа што Роналдо иако беше ѕвезда, мораше да се развива. Работеше неверојатно напорно за да стигне до таму каде што е, додека Меси беше талент благословен од Бога кому речиси и да не му требаше никаков тренинг“, рече Маркисио во интервју за „Газета дело спорт“.