1 минута за читање
Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишиле од слобода Г.С. (43) од Скопје, по пријава дека во текот на емисија во живо на порталот „Инфомакс“ влегол во редакцијата и предизвикал инцидент, соопшти МВР.
Настанот се случил синоќа околу 23:45 часот, кога во СВР Скопје било пријавено дека непознато машко лице влегло во просториите на редакцијата на ул. „Востаничка“, оштетило две врати и го попречувало емитувањето на програмата. Во студиото во тој момент биле водителот А.М., гостин во емисијата – поранешниот градоначалник С.Ј., водителот М.Н. и камерман.
Полицијата веднаш реагирала и го привела напаѓачот, а подоцна било утврдено дека станува збор за лице со здравствени проблеми, кое претходно било спроведувано на лекување во Психијатриската болница „Бардовци“.
Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против Г.С. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Министерството нагласува дека и во иднина ќе постапува брзо и неселективно во сите случаи на напади врз новинари или нарушување на јавниот ред и мир.