Мандолинскиот оркестар „Скопје“ со диригентот Ерхан Шукри ќе го одржи традиционален божиќен концерт во Скопје вечерва (13 декември) во католичката црква „Пресвето срце Исусово“ од 19:30 часот.
Како солисти ќе настапат Монијка Трпчевска, тенорот Христо Арсовски, Марко Баловски на манулина и Дарко Багески на Гитара.
На репертоарот на популарните божиќни песни, концертот се организира на покана и во организација на амбасадата на Хрватска во Скопје. Влезот е слободен.
Мандолинскиот оркестар „Скопје“ го одржа својот годишен концерт на 11 ноември во малата сала на Филхармонијата. Диригираа Рамадан Шукри и Ерхан Шукри.
The post БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ НА МАНДОЛИНСКИОТ ОРКЕСТАР „СКОПЈЕ“ СО ПОПУЛАРНИ ПЕСНИ се појави прв на СМАРТ – СДК МК.