Ливерпул со 2:0 го победи Брајтон на „Енфилд роуд“, а Челзи на свој терен во Лондон со истиот резултат славеше против Евертон, во мечеви од 16. коло на Премиер лигата.
Ливерпул речиси еден и пол месец немаше победа пред своите навивачи, а дека тој пост ќе заврши беше најавено уште во првата минута на дуелот против Брајтон. Едвај 45 секунди беа поминати кога Уго Екитике погоди за голема радост на фановите на Ливерпул.
Екитике беше стрелец и на вториот погодок, постигнат во 60 минута. По одлично изведениот корнер на Мохамед Салах, младиот француски напаѓач погоди за 2:0. Со оваа победа Ливерпул стигна до 26 бодови и моментално е на шестото место на табелата, додека Брајтон остана на 23 бодови и е деветти во шампионатот.
Челзи го прекина постот од три меча на кои немаше победа во првенството, откако на „Стемфорд Бриџ“ со 2:0 славеше над Евертон. Фаворитот, уште во првото полувреме ги реши сите дилеми околу победникот.Кол Палмер покажа дека се враќа во препознатлива форма, погодувајќи за 1:0 во 21 минута.
Во финишот на првиот дел, Густо одлучно се снајде и донесе нова радост за домашните фанови, погодувајќи за 2:0. Со оваа победа Челзи стигна до 28 бодови и моментално е на четвртото место на табелата, додека Еветон остана на 24 бодови и е на осмото место.