Вечерва и утре (13 и 14 декември), во Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе го одржи Божиќниот танцов натпревар. Настанот се одржува по шест пат, организатор е балетското студио „Анабела“ од Велес.
Годинава ќе учествуваат рекордно пријавени 1.917 танчари со 2.352 од 36 танцови клубови од Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Косово.
„Ова не е само уметнички настан, туку и стимул за локалната економија. Големиот број гости од земјата и од странство придонесува за промет во угостителството и трговијата“.
П. ПЕЧКОВ
The post МЕЃУНАРОДЕН БОЖИЌЕН ТАНЦОВ НАТПРЕВАР ВО ВЕЛЕС се појави прв на СМАРТ – СДК МК.