Победникот на Евровизија 2024, Немо од Швајцарија, соопшти дека го враќа трофејот по одлуката на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) да му овозможи учество на Израел на следното издание на натпреварот. Одлуката предизвика лавина реакции и осуди од поранешни учесници и победници на Евровизија ширум Европа.
„Евровизија се претставува како натпревар што се залага за единство, инклузија и достоинство за сите. Токму овие вредности ми дадоа смисла на целата приказна. Но фактот дека Израел сè уште учествува – во време кога Независната меѓународна истражна комисија на ООН заклучи дека таму се случува геноцид – покажува длабок јаз помеѓу овие идеали и одлуките на ЕБУ“, напиша Немо на Инстаграм.
Поради учеството на Израел, до овој момент пет земји официјално најавија бојкот на натпреварот во 2025 година.
Следното, 70. издание на Евровизија ќе се одржи во Виена, Австрија. Македонија не учествува на натпреварот веќе неколку години.