2 минути за читање
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, потсети дека ќе следи период на штедење и намалување на неродуктивните трошоци.
Тој синоќа на социјалните мрежи објави дека се намалува висината на надоместокот за членовите на управните и надзорните одбори, но и бројот на членови во тие одбори.
„Ја намалуваме висината на надоместокот за членовите на управните и надзорни одбори, го кратиме и бројот на членови
Јавното управување мора да биде одговорно, рационално и насочено кон интересот на граѓаните.
Затоа, на денешната седница на Советот на град Скопје, која продолжува и во вечерните часови, донесовме важна одлука со која ја намалуваме висината на надоместокот за членовите на управните и надзорни одбори и го кратиме нивниот број.Оваа промена е исправка на неправилностите што со години се повторувале.
Во минатото, се исплаќале месечни надоместоци дури и во услови кога седници воопшто немало.
Тоа создаваше непродуктивни трошоци кои граѓаните ги плаќаа, вели градоначалникот во објавата на Фејсбук.
Исто така, ги намалуваме и износите, па наместо 12.000 денари за претседател и 10.000 денари за член, новите лимити изнесуваат 10.000 и 8.000 денари.
Паралелно, го редуцираме и бројот на членови во управните одбори.Таму каде што некогаш имало и по 14 членови, бројката се ограничува на седум.
Ова е уште еден од чекорите со кои ги кратиме непродуктивните трошоци и воспоставуваме ред во работењето на Град Скопје.
Времето на „како досега“, завршува.
Почнуваме нова практика, со транспарентно, ефикасно и домаќинско управување, какво што скопјани одамна заслужуваат“, објави тој.