Фудбалерите на Реал, славеа победа 2:1 на „Мендизороза“ во Вторија, над Алавес, во 16-то коло на шпанското првенство.
Работите не одат добро за Мадрид во последно време, па за Чаби Алонсо и тимот, победата во овој натпревар беше императив. До неа се стигна со многу мака, поради што се уште не е сигурна идноната на шпанскиот тренер.
Се чинеше дека Реал лесно ќе победи, кога Килијан Мбапе погоди за предноста во 24-та минута.
Тоа беше единствениот гол во првото полувреме, а вориот дел, поточно првата половина од овој дел од играта им припадна на домашните фудбалери.
За добрата игра беа нагадени со голот на Карлос Висенте, кој влезе во игра во 68-та минута, а 60 секунди подцна го изедначи резултатот.
Радоста на домашните траеше само неколку минути пред Родриго, на асистенција на Винисиус, да го постави конечниот резултат. Родриго по постот кој траеше осум месеци, или 32 натпревари, постигна гол и на вториот меч по ред, претходно погоди во средата против Манчестер Сити.
Со оваа победа, Реал се врати на четири бода зад лидерот Барселона. Алавес е на 12-то место.
Во следното коло, Реал ја пречекува Севилја, додека Алавес ќе гостува кај Осасуна.
Foto/ Depositphotos