Елиф Елмас беше стартер за Наполи во поразот од Удинезе од 1-0 во Серија А. Нашиот репрезентативец беше заменет во 83-тата минута, кога на негово место во игра беше уфрлен Лоренцо Лука.
Наполи со поразот пропушти шанса да го мине Милан и да се искачи на врвот од Серија А, па таа шанса му ја препушти на Интер, кој со евентуална победа над Џенова ќе биде нов лидер.
Мечот во Удине ќе остане запаметен по тоа што домашните постигнаа три гола, но првите два беа поништени од ВАР, а победата ја донесе Екеленкамп во 73-тата минута.