Фудбалерите на Баерн Минхен за малку ќе си дозволеа луксуз да загубат на домашен терен од „фенерџијата“ во Бундеслигата, Мајнц. Хари Кејн со гол од пенал во 87-мата минута беше спасител на „баварците“, кој донесе израмнување на 2-2.
Ленарт Карл во 29-тата минута донесе водство за Баерн Минхен сво 29-тата минута и тогаш веројатно никој не претпоставуваше дека Мајнц може да дојде до пресврт.
Сепак, Потулски во втората минута од продолжението на првото полувреме и Ли Јае-Сунг во 67-мата минута донесоа предност за Мајнц од 1-2.
На крајот Баерн израмни на 2-2, а имаше и време и шанси за комплетен пресврт, но не успеа во тоа.
И покрај киксот, „баварците“ се убедливи лидери во Бундеслигата со 38 поени, девет повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд.