2 минути за читање
„Се очекува 20 декември да биде решавачки датум за ДУИ. Или зелено светло за преродба и длабока реформа, или црвено светло, што ќе го потврди продолжувањето на политичкиот пад. По тешкиот пораз на локалните избори ДУИ се наоѓа пред историски тест, при што коренитите промени во тесната раководна структура се претставени како главен услов за преживување и силно враќање.“ – нагласува „Тетова сот“ во својата информација со наслов „ДУИ пред историски тест: првите 7 имиња на личности од претседателството, кои ќе ги отстрани Али Ахмети на 20 декември?“.
Повикувајќи се на свои извори на информации, порталот натаму пишува: Иако Али Ахмети ќе продолжи да ја води партијата што произлезе од војната, порталот Тетова сот дознава дека тој, како лидер на ДУИ, сфатил дека е невозможна вистинската реформа без отстранување на истрошените и компромитирани личности во очите на јавното мислење. Токму овие личности, со својата политичка долговечност и повторувани постапки, ѝ нанеле сериозна штета на претставата за партијата во јавноста. Оваа листа не е конечна.
На 20 декември се очекува широк бран разрешувања и реорганизирања, при што многу други личности ќе бидат заменети со нови кадри, политички непотрошени и со јавна доверливост. Се очекува Али Ахмети да интервенира во партиските ограноци, каде што ќе се прават промени во раководството. Се очекува неколку сегашни претседатели на ограноци да бидат заменети со нови личности, за да се врати ДУИ како доминантна сила на претстојните избори и како партија што ќе зрачи надеж, нова енергија и политичка доверливост. – објави „Тетова сот“