Во финишот на средбата помеѓу Алавес и Реал Мадрид имаше удар по ногата на Винисиус во 16-никот на домашните, Бразилецот падна, но судијата не му додели пенал на Кралскиот клуб.
Гостите од Мадрид се бунеа, бараа главниот судија да биде повикан од ВАР-собата да ја прегледа снимката, но тоа не се случи. Реал победи, но контроверзиите останаа.
ВАР-судија беше човек кој по финалето на Купот на Шпанија му се закани на Реал дека „ќе трпи последици“ за однесувањето кон арбитрите.

Тренерот Чаби Алонсо рече дека не е изненаден што немало реакција од ВАР.
„Ситуацијата со Винисиус? Имаше контакт, мислам дека беше чист пенал. Бев изненаден што не беше прегледан од ВАР. Иако тоа и не нè изненадува, ме разбирате. Мора да продолжиме понатаму“, рече Алонсо.