Челзи во вторник гостува во главниот град на Велс, Кардиф, во меч од четвртфиналето од англискиот Лига куп. Јасно е дека Мареска ќе настапи со комбиниран состав, а дефинитивно е познато дека Кол Палмер нема да биде дел од екипата која ќе се обиде да обезбеди полуфинале во ова натпреварување.
„Кол е еден од играчите кои заслужуваат да бидат заштитени. Во моментов тој не може да игра два натпревари во рок од три дена. Ова се најлошите натпревари бидејќи можеме многу да загубиме. Фудбалот е полн со вакви дуели, во кои фаворитите можат да загубат. Затоа целиот фокус е на Кардиф. Сакам оваа победа да биде за навивачите. Затоа мора утре да се прикажеме во најдобро можно светло. Мислам дека сме на вистинскиот пат. За мене ова е дел од процесот. Но, сигурно сè повеќе се подобруваме. Кога си менаџер на Челзи, прифаќаш дека очекувањата се повисоки. Тоа е поради трофеите од Светското клупско првенство, Конференциската лига и четвртото место со најмладиот состав во Премиер лигата. Сега очекувањата се повисоки. Целта на овој клуб е секогаш да се подобрува“, рече тренерот на Челзи, Енцо Мареска, на официјалната прес-конференција.