1 минута за читање
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски вечерва ги вклучи светилките на новогодишната елка на плоштадот „Македонија“, со што празничната атмосфера навлегува и во македонскиот главен град.
До 31 декември секој ден од 12 часот до доцна навечер ќе има новогодишна програма за сите возрасти, божикен пазар со штандови со храна, пијалаци и украси.
На дочекот на Новата година скопјани и гостите ќе ги забавуваат македонски музичари.