Тијаго Силва по една и пол година и дефинитивно си заминува од Флуминенсе и најверојатно ќе се врати во Европа. Како причина за разделбата ја наведе далечината бидејќи неговото семејство остана да живее во Лондон.
Фудбалерот сега е на крстосница, да ја прифати понудата на Милан и да одигра една полусезона во Серија А или да се пензионира, со оглед дека има 41 година.
Сепак, како што вели, иако е во петтата деценија, сè уште сонува да игра на Мундијалот.
„Би излажал ако кажам дека тоа не е во моите планови“, кусо коментираше Бразилецот.
Тијаго Силва освен за Флуминенсе, во својата кариера играше и за Порто, Динамо Москва, Милан, ПСЖ и Челзи.