1 минута за читање
Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, во фотографијата на денот позира со шал со натпис „Македонија“ на англиски и со Сонцето од Кутлеш на врвот Ринкон во Аризона.
„Ја донесов Македонија со себе на планините Ринкон, еден од планинските венци ‘небески остров’ во јужна Аризона. Овде, на врвот Ринкон, 8.482 стапки/2.585 метри, среде декември температура од околу 68F/20C!“, напиша заедно со споделената фоторграфија на Фејсбук пријателот на Македонија и застапник на македонската кауза од Тусон.