При терористичкиот напад што се случи на плажата Бонди во Сиднеј, во кој татко и син убија 16 лица, меѓу загинатите е и фудбалер на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден.
Според информациите, станува збор за 27-годишниот Ден Елкајам, Французин со еврејска вероисповед кого го оценувале како талентиран и особено популарен во фудбалската лга.
„Со екстремен шок и тага соопштуваме дека нашиот фудбалер на Рокдејл Илинден фудбалскиот клуб, Ден Елкајам,беше жртва на страшните, трагични и бесчуствителни настани кои се случија на Бонди плажата во недела на 14 декември 2025. Ден беше интегрален член на нашиот тим кој беше екстремно талентиран и популарна личност меѓу соиграчите. Наша најголема тага и сочувство за фамилијата на Ден, пријателите и сите кои го познаваа. Ќе недостасува. Нека почива во мир“, потврди клубот.
Во нападот вкупно 40 лица се ранети. На плажата Бонди се одржувал настан по повод првиот ден од еврејската прослава на празникот Ханука.