Тренерот на Барселона, Ханси Флик, одговараше на новинарски прашања, а едно од нив беше поврзано и за судиите. Германецот рече дека судиите се под голем притисок, очигледно алудирајќи на притисокот кој го прават од Реал Мадрид со нивните јавни настапи и преку клупската телевизија.
„Сите знаеме дека судиите се дел од играта, без нив не можеме. Понекогаш си мислиш дека можеле да се снајдат подобро, но другпат вршат фантастична работа. Секој прави грешки. Генерално вршат одлична работа и ние треба да се фокусираме на себе. Играчите, како и ние, исто така правиме грешки. Не сакам да гледам кон другите – тоа е најдоброто што можеме да го направиме. Судиите се под огромен притисок и тоа не е праведно“, рече Флик.