Брендан Роџерс, утре, ќе биде претставен како нов тренер на Кадисија во Саудиска Арабија.
Вчера имаше најави дека Брендан Роџерс е во преговори со саудискиот клуб, а официјална потврда дојде од клубот еден ден подоцна.
Клубот со Роџерс потпишал договор на две и пол години, а тој официјално ќе биде претставен како нов шеф на стручниот штаб во среда. Роџерс ќе го замени Мигел Гонзалез на клупата, кој беше отпуштен во недела.
„Ова е навистина историски момент за клубот. Тренер од калибарот и искуството на Брендан ги одразува нашите амбиции и долгорочната визија што ја има Ал Кадисија како еден од водечките клубови“, рече Џејмс Бизгроу, поранешниот извршен директор на Ренџерс, а сега на саудискиот клуб.
Кадисија е на петтото место на табелата со 17 бода, десет помалку од лидерот Ал Наср, но е и во центарот на вниманието бидејќи се споменува како клуб кој би бил подготвен да го сруши рекордот за трансферот на Мохамед Салах.
Foto/ depositphotos