Дисциплинската комисија при Ракометната федерација на Македонија ги одреди санкциите за инцидентите што се случија по завршувањето на дербито од 17. коло меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер, одиграно во неделата во салата „Билјанини Извори“.
Ракометарот на актуелниот шампион, Дејан Манасков, е казнет со забрана за настап во период од три месеци, со што за него е завршен првиот дел од сезоната. Тренерот на Охрид, Крсте Андоновски, доби суспензија од три натпревари, која ќе важи за натпреварите во првенството и Купот.
Дополнително, дисциплинската комисија изрече парични казни и за двата клуба, при што Охрид и Еурофарм Пелистер ќе треба да платат по 45.000 денари.