2 минути за читање
Филипче е континуитет на погрешните политики на Заев кои ги осиромашија граѓаните и ја ставија во подредена положба државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Во СДСМ ништо не се менува, партијата под раководство на Венко Филипче останува заложник на бизнис интересите на кланот Заеви, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче е воодушевен од неговиот ментор Зоран Заев и не пропушта можност тоа јавно да го истакне. Филипче е само продолжена маша на Заев во обид да го заштити криминалот на кланот Заеви. Тоа членовите на партијата го знаат и токму затоа Филипче има тешкотии да креира тим. Никој не сака да биде дел од високите органи на СДСМ под раководство на Филипче. Во СДСМ постои криза поради недоверба во лидерството на Филипче“, се вели во соопштението.
Во СДСМ, се додава, нема реформи, нема консолидација, а нема ништо и од најавеното окрупнување.
„И кога Филипче зборува за менувачници веројатно мисли на онаа менувачница каде Заев ги упатуваше да се носат парите од „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“ на кланот Заеви. Филипче со конструкциите, лагите и манипулациите е на чекор да го надмине неговиот ментор Заев. Филипче е континуитет на погрешните политики на Заев кои ги осиромашија граѓаните и ја ставија во подредена положба државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ на чело со Филипче свесно шири паника кај населението, предупредува ВМРО-ДПМНЕ.
„Доколку вака продолжи Филипче на следните избори катастрофалната бројка од 130 илјади гласа ќе му биде многу недостижна. Наместо реформи и консолидација во СДСМ има континуитет на лагите и погрешните политики на Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Плус инфо“:„Филипче е само маша со која се штити криминалот на Заеви – никој во СДСМ не сака да биде во неговиот тим“