Синоќа во Доха, Усман Дембеле беше прогласен за најдобар фудбалер во светот за 2025 година во изборот на ФИФА. Францускиот репрезентативец со Пари Сен Жермен имаше историска сезона. Светците прв пат станаа шампиони на Европа, ги освоија главните трофеи во Франција, а станаа и шампион на Светското клупско натпреварување во САД.
Дембеле секогаш беше главен на теренот и еден од лидерите во сите овие успеси на ПСЖ, па неспорно е дека заслужено ја доби оваа престижна награда. Претходно, Дембеле ја освои и Златната топка на „Франс Фудбал“.
Освен најдобар фудбалер, ФИФА направи избор и на најдобар тим, односно најдобри 11 фудбалери.
Во најдобрите 11 се Донарума (ПСЖ), Мендес (ПСЖ), Ван Дајк (Ливерпул), Хакими (ПСЖ), Витиња (ПСЖ), Педри (Барселона), Белингам (Реал Мадрид), Палмер (Челзи), Дембеле (ПСЖ), Мбапе (Реал), Јамал (Барселона).
Меѓу најдобрите нема место за напаѓачот на Барселона, Рафиња, а многумина сметаат дека тоа е грешка. Најжестока во критиките беше сопругата на Рафиња, Наталија Родригес, која распали против ФИФА.
„62 гола и асистенции, но не заслужува да биде во најдобрите 11. Неправда. Дали Рафиња е кошаркар?!“, стои во реакцијата на сопругата на Рафиња.
