Два новогодишни концерта „Виена во Битола“ во изведба на „Битолски оркестар Дива“ се одржа во Центарот за култура во Битола. Ова е настан кој со години наназад е културен белег на градот и е меѓу најбараните концерти во последниот период.
Публиката беше пречекана со сценографија што наликуваше на новогодишна честитка со канделабри, снежни ефекти и зимски пејзажи кои асоцијараа на волшебна зимска бајка, инспирирана од виенската елеганција. Во духот на празниците, добија и новогодишни чоколатца, како мал, но топол гест на верната публика.

Концертната програма донесе одредени избрани бисери од македонската класика и опера, со дела од Јохан Штраус, Франц Лехар, Емерих Калман и други. На сцената Наја солистите Марија Јовановска-Бакревски, Јеленаовиќ (Србија) и Тамара Ангеловска, заедно со мешаниот хор КУД „С Наумов“ и балетот при Националната опера и балет, придружени од „Битолски орке Дива“ и Камерен оркестар на Битола.
Еден од поубавите моменти беа малите балерини од „Анастасија центар кои на песната „Тивка ноќ“ (Silent Night) ја разнежија публиката со нивната изведба.
На концертот диригираше Владимир Димовски, кој ги има и аранжманите и целата оркестрација.
„Ви во Битола“ е концерт секоја година се очекува со сè кој интерес и уште еднаш ја потврди својата позиција како неизоставен дел од културниот календар на градот. Како и претходните години, двата концерта беа распродадени уште пред еден месец.
Ж. ЗДРАВКОВСКА
The post ВИЕНА ПАК ДОЈДЕ ВО БИТОЛА НА НОВОГОДИШНИТЕ КОНЦЕРТИ НА „БИТОЛСКИ ОРКЕСТАР ДИВА“ се појави прв на СМАРТ – СДК МК.