Трагедијата на еден фудбалски меч во кој смртно настрада 21-годишниот фудбалер Били Вигар ќе добие полициски епилог. Вигар трагично загина за време на натпревар на 25 септември, додека го носеше дресот на неговиот Чичестер сити.
На гостувањето кај Вингејт и Финчли во една од ниските лига во Англија, младиот Вилар доживеа сериозен пад.Овој некогаш талентиран фудбалер на Арсенал трчаше да ја фати топката пред таа да излезе надвор од теренот, кога падна, со главата директно удри во ѕидот и почина на самото место.
Сега е побарана истрага за целиот инцидент. Патологот побара полициска истрага за да се разгледа контакт со противнички играч за време на дуелот и борбата за топката, а пред Вигар да го удри ѕидот.
Ќе се испита дали противничкиот играч намерно го турнал во ѕидот, создавајќи го инцидентот што довел до смртта на младиот фудбалер.Вишиот мртовечник Ендру Вокер, кој работи на случајот, побара проширување на обемот на истрагата во Краунскиот суд во Барнет. Тој тврди дека Вигар имал контакт со противничкиот играч пред неговата смрт.
„Она што би сакал истрагата да го испита е природата на контактот меѓу двајцата вклучени играчи“, рече Вокер.
Наредникот Колин Чендлер му рече на судот дека истрагата на метрополитенската полиција за смртта на Вигар е во тек и дека постојат дополнителни можности да се испита противничкиот играч и контактот што се случил.