Вечерва во 18:00 часот, на стадионот „Ал Рајан“ во Катар, во големото финале на Интерконтиненталниот куп, силите ќе ги одмерат Пари Сен Жермен и Фламенго. Французите го бркаат својот прв светски трофеј во историјата, додека Бразилците сакаат да се вратат на тронот по пауза од цели 44 години.
Ezoic – wp_under_page_title – under_page_title
End Ezoic – wp_under_page_title – under_page_title
Тимот на Луис Енрике пристигнува во Доха со амбиција конечно да ја круниса својата европска доминација со глобален печат. Како актуелни шампиони на Европа, ПСЖ имаа привилегија на директен билет за финалето, но патот до овој момент не беше без трње. Се уште се под впечаток од летниот пораз од Челзи (0:3) во финалето на Светското клупско првенство, а притисокот е зголемен и поради неизвесната трка во домашното првенство каде Ленс им дише во врат.
Сепак, токму во Катар започна нивната златна серија со триумфот над Монако, а со враќањето на Усман Дембеле и голманот Лукас Шевалие, Енрике верува дека ќе успее да го земе трофејот. Единствен голем хендикеп останува отсуството на брзоногиот Ашраф Хакими.
Ezoic – wp_under_first_paragraph – under_first_paragraph
End Ezoic – wp_under_first_paragraph – under_first_paragraph
Од другата страна стои „црвено-црната“ лавина од Рио де Женеиро. Фламенго преживува ренесанса под палката на Филипе Луис. Откако во само седум дена ги покорија Бразил и Јужна Америка (Копа Либертадорес), сега нивниот нишан е насочен кон светот.
Навивачите на Фламенго со децении го прераскажуваат митот за 1981 година и лекцијата одржана на Ливерпул (3:0). Денешниот тим, предводен со тактичката дисциплина, сака да го повтори тој подвиг. Иако настапот на голгетерот Педро е под знак прашалник, Фламенго покажа дека знае како со европските гиганти, потсетувајќи на неодамнешната победа над Челзи (3:1).
Ezoic – wp_under_second_paragraph – under_second_paragraph
End Ezoic – wp_under_second_paragraph – under_second_paragraph