Системот на евиденција во возачките дозволи и негативните поени, кој досега не беше целосно уреден, се прецизира со новите законски измени. Од 1 февруари следната година, секој возач што во рок од четири години трипати ќе добие правосилна забрана за управување возило од иста категорија, ќе остане без возачка дозвола. Судот ќе ја одземе дозволата, а прекршителот нема да смее повторно да полага возачки испит најмалку една година.
Ezoic – wp_under_page_title – under_page_title
End Ezoic – wp_under_page_title – under_page_title
По одземањето на дозволата, судската одлука ќе биде доставена до Министерството за внатрешни работи, по што возачот ќе добие СМС-порака или известување по електронска пошта дека возачката дозвола му престанува да важи во рок од осум дена.
Забраната за управување возило, која ја определува судот, може да трае од еден месец до една година. Податоците за изречените мерки ќе им бидат достапни и на граничните служби. Доколку забраната е изречена на странец со странска возачка дозвола, тој нема да смее да управува возило на територијата на државата, а за тоа ќе биде известена и граничната полиција.
Ezoic – wp_under_first_paragraph – under_first_paragraph
End Ezoic – wp_under_first_paragraph – under_first_paragraph
Измени се предвидени и во Законот за возила. Секој сопственик на возило, при промена на телефонски број или електронска пошта, ќе мора во рок од три дена да ги ажурира податоците во станицата за технички преглед. Непочитувањето на оваа обврска ќе се санкционира со глоба од 100 евра, а за правните лица се предвидени казни во зависност од нивната големина.
Со измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се воведува толеранција при мерењето на брзината, при што од измерената вредност задолжително ќе се одзема маргината на грешка на мерниот уред, без прецизирање на нејзината висина. Воедно, се забранува управување возило под дејство на опојни дроги и психотропни супстанции.
Ezoic – wp_under_second_paragraph – under_second_paragraph
End Ezoic – wp_under_second_paragraph – under_second_paragraph
Новите правила носат и дополнителни обврски за автошколите, со што кандидатите за предавачи, инструктори, контролори и испитувачи на сообраќајни правила ќе мора да полагаат стручен испит пред комисија во МВР. Законот ги прецизира и зоните со смирен сообраќај, со воведување „зона училиште“ и „зона 30“.
Промени се направени и во Законот за извршување на санкциите, како и во Законот за полиција, со цел целосна примена на новиот систем за контрола и санкционирање во сообраќајот.
Ezoic – wp_mid_content – mid_content
End Ezoic – wp_mid_content – mid_content