2 минути за читање
Во гостување на Сител, лидерот на движењето ЗНАМ Максим Димитревски оцени дека СДСМ е заробена партија, функционира по принцип на должничко-доверителски односи и таму има луѓе против кои се водат сериозни кривични постапки во моментов, а исто така и за поранешниот и актуелниот лидер.
„ Нема ништо ново, нема нова идеја. Сите наводно нивни конструктивни политики како опозиција се апсолутно неконструктивни. Креираат фиктивни сценарија, одредени заговори во јавноста, како со мигрантските кампови, тиа се само обиди да се избега од актуелните политички теми, како Законот за судскиот совет, со кој ќе се оневозможи да имаме вакво судство какво што го имаме – приватизирано или пристрасно судство. Потребна е правда и оваа власт ќе го испорача тоа.
За новото раководство на СДСМ, Димитриевски вели „далеку од тоа да е ново“.
„ Една невидена рашомонијада, но нивна работа, само се потврдуваа онаа теза што ја зборувам подолг временски период. Не зборувам за членовите на СДСМ, зборувам за раководството. Во членството има прекрасни луѓе, не добиваат и никогаш нема да добијат шанса бидејќи ова е едно акционерско друштво. Ако во минатото беше 50/50 на релација Заев – Филипче, сега е 70/30 во акционерскиот удел во однос на Заев – Филипче. Тоа е нивна работа, нека тераат – рече Димитриевски.
Тој додаде дека сè поголем број членови на СДСМ бараат пристапница во ЗНАМ и „нашите врати се отворени, особено за вистинските социјалдемократи“. Според него, „СДСМ оди надолу и ова раководство ќе му прогласи стечај“.
На прашањето дали ќе има или ќе нема предвремени избори тоа на ЗНАМ му одговара од секој аспект.
„ Ние повторно ќе се провериме каде сме на политичката сцена. На Македонија и е потребна политичка стабилност и еден период каде треба да се испорача кон граѓаните“ рече Димитриевски.